Центарот за отворена наука при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги поддржува истражувачите, едукаторите и институциите во прифаќањето на принципите на отворена наука – осигурувајќи дека истражувачките процеси и резултати се достапни, транспарентни и реискористливи.
Мисија
Да се промовира отворено, транспарентно и одговорно истражување низ целиот Универзитет.
Визија
Да се води културната трансформација кон Отворена наука на УКИМ и пошироко.
Што правиме ние?
Дознајте како OSC може да ви помогне да се впуштите во ова патување…
ORCID iD овозможува твоето истражување лесно да се најде, цитира и поврзе со други системи.
- За истражувачите
- ORCID помага публикациите, податочните множества, проектите, активностите поврзани со рецензирање и афилијациите да се правилно поврзани со вас, дури и кога вашето име се појавува во различни форми.
- За УКИМ
- ORCID ја подобрува институционалната видливост и поддржува поверодостојно известување за истражувачките резултати.
- За Отворената Наука
- ORCID е дел од пошироката инфраструктура што овозможува транспарентни и доверливи врски меѓу истражувачите, резултатите, афилијациите и придонесите.
Тренинг и едукација за Отворена Наука
Работилници, семинари и сродни активности за зајакнување на вештините за отворена наука кај студентите, истражувачите и помошниот персонал.
Ресурси – Дознај повеќе за Отворената Наука
Ресурси за учење на различни теми од отворената наука со цел да се подобрат и поддржат сите фази од животниот циклус на истражувањето.
Пристап до Лабораторијата за отворена наука
Инфраструктура за компјутерска и складирање достапна за сите истражувачи, обезбедувајќи алатки и решенија за сите чекори од работниот тек на отворено истражување.
Политики и поддршка
Насоки за развој на политики, планови за управување со податоци или едноставно спроведување на принципите на отворена наука.
Шаблони
Лесно достапни планови што ќе ви помогнат да започнете со вашите институционални политики, складишта и управување со податоци.
Корисничка поддшка
Центарот за поддршка на корисници е тука за да ви помогне да ги искористите сите можности што ги нуди Лабораторијата за отворена наука.
Мрежа од луѓе
Поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Центарот за отворена наука соработува со заедницата NOSCI@MK за да допре до што е можно повеќе луѓе и да направи разлика во начинот на кој се практикува отворената наука во земјата.
Придружете се на NOSCI@MK заедницата
Останете во тек со сè што треба да знаете за отворената наука во МК.