Проектот RISE-OPEN претставен на конференцијата „The Future of Open Research: Reliable, Responsible, Equitable“
Во периодот од 4 мај до 6 мај 2026 година истражувачкиот тим на проектот RISE-Open (NIP.UKIM.24-25.16), проф. д-р Катерина Наумова, асс. м-р Васка Лешоска и м-р Даниела Неделкова, учествуваше на меѓународната конференција The Future of Open Research: Reliable, Responsible, Equitable, организирана од Техничкиот Универзитет во Минхен.
Конференцијата обедини научници, активисти и креатори на политики со заедничката цел за унапредување на практиките за отворено истражување, експлицитно насочени кон јавниот интерес. Во таа насока, беа разгледувани и различните разбирања за тоа што претставува „јавен интерес“ за различни заедници и општествени контексти ширум светот. Централно место во дискусиите имаше развојот на Минхенскиот манифест за правично отворено истражување, кој ги разработува начините на кои отвореното истражување може да придонесе кон посигурни, поодговорни и поправични форми на научно дејствување.
Во рамки на сесијата за Инфрастрктура презентацијата „RISE-Open: Building a Repository of Psychological Instruments and Fostering a Culture of Open Science in North Macedonia“ ги претстави проектните активности насочени кон развој на првиот централен репозиториум за психолошки инструменти развиени или адаптирани на македонски јазик (https://osf.io/fnq5s), и кон поттикнување на предрегистрација на истражувања и практики на отворена наука кај младите и идни истражувачи во полето на психологијата.

Leave a Reply