Додавање на публикации во ризницата на УКИМ преку ORCID

Ризницата на УКИМ може да се полни и со публикации кои веќе се наоѓаат во вашиот ORCID профил.

Важно! Автоматското поврзување со ORCID кое овозможува директно повлекување на публикации од вашиот профил и додавање во ризницата тековно се уште не е активирано и за него е потребна институционална претплата во ORCID. Процесот кој е опишан тука е за рачно додавање на поединечни публикации кои се наоѓаат во ORCID профил.

За да додадете публикација од ORCID во ризницата на УКИМ следете ги чекорите:

  1. На почетната страница на ризницата (откако ќе се најавите), изберете ја опцијата за увезување од надвореши извори како на сликата

2. Во новиот прозорец, изберете ORCID од паѓачката листа десно

3. Внесете во вашиот ORCID iD во полето и кликнете на Search

4. Од листата која ќе се појави изберете ја публикацијата која сакате да ја внесете.

Важно! Водете сметка да не изберете публикација која веќе ја имате во ризницата. Потенцијалните дупликати се веќе означени.

5. Започнете го процесот за внесување за избраната публикација.

6. Проверете ги веќе пополнетите полиња и внесете ги оние кои недостигаат, а потоа поднесете ја публикацијата за проверка.