ORCID: твојот постојан истражувачки идентитет
Еден идентитет за цела кариера.
Едноставно како 1, 2, 3….
Важно! За правилно поврзување секогаш користи го точното цело име на институцијата:
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje.
Центарот за Отворена наука при УКИМ им препорачува на сите истражувачи да регистрираат и одржуваат јавен ORCID iD. Ова ќе овозможи подобрено референцирање, зголемена видливост и полесна интеграција со идните системи.
Што е ORCID?
ORCID обезбедува уникатен, траен идентификатор (ORCID iD) за истражувачите, кој ве разликува од сите други.
Автоматски се поврзува со вашите публикации, податоци, институции и проекти – без разлика каде работите или објавувате.

ORCID е широко прифатен уникатен идентификатор за истражувачи. Тој претставува едноставен нумерички број во фиксен формат (пр. 0000-0001-6479-5330). Секој истражувач треба да има само еден ORCID, кој ќе е непроменлив низ текот на целата истражувачка кариера.
ORCID овозможува правење разлика помеѓу истражувачи со исто име, така што точниот истражувач ќе биде референциран во дадена публикација. Исто така, нуди и поврзување на повеќе имиња со ист идентификатор, што е случај на пример при промена на името поради брак или други причини.
Со ORCID вашите публикации полесно ќе се пронаоѓаат. ORCID е индексиран од страна на Google Scholar, а можете и да го поврзете со повеќе клучни бази на публикации како што се Web of Science и Scopus. Со додавање на уникатен идентитет на вашите трудови, патенти, податочни множества и слично, овозможувате лесно наоѓање на сите ваши истражувања кога други истражувачи пребаруваат публикации.
Зошто ORCID е важен за истражувањето во рамките на УКИМ?
- Обезбедува точна референца кон вашето истражување
- Строго барано или препорачано од голем број списанија и издавачи
- Помага со автоматизирано известување и генерирање на CV
- Единствен начин да се додадат истражувачи при апликација за Европски грантови
- Интегрирано со ризницата на УКИМ – Покажи ми како да го користам ORCID за да додавам трудови во ризницата на УКИМ
Регистрација на ORCID
* Користете ја вашата УКИМ адреса за е-пошта
** Не заборавајте да го изберете точното ниво на видливост. Покажи ми како!
Истражувачот сам одлучува кои информации ќе бидат јавни, ограничени или приватни, но за поголема видливост се препорачува основните информации, афилијацијата и истражувачките резултати да бидат јавно достапни.
Секогаш користете го целото име на УКИМ: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
Поврзи го твојот ORCID со други извори со информации за твоите истражувања



- Додајте објави од Scopus, Crossref и други бази на трудови
- Поврзете го ORCID со системите за известувања за нови публикации за автоматско ажурирање на вашиот профил. Покажи ми како!
- Користете го при аплицирање за проекти (на пр. Horizon Europe)
Дополнителни ресурси и помош
