Вашиот ORCID iD е секогаш јавно достапен, а вие ги контролирате поставките за видливост за сета друга содржина во вашиот ORCID запис.
Има три поставки за видливоста: everyone (сите), trusted parties (доверливи странки), or only me (само јас).



Everyone/Сите: Информацијата означена како сите може да ја види секој кој ќе отиде на веб страницата на orcid.org или ќе пристапи со користење на ORCID API.
Trusted parties/Доверливи организации: Информација со ограничен пристап може да ја види секоја доверлива организација на која и имате дадено пристап до вашиот ORCID запис. Овие врски бараат експлицитна акција од ваша страна.
Only me/Само јас: Приватна информација која може да ја видите само вие и одредени индивидуи на кои сте им дале пристап за администрација на вашиот ORCID запис во ваше име. Информацијата не се споделува со други.
Предодредени поставки за видливост
Предодредената поставка за видливост на вашето име откако ќе се регистрирате е сите/everyone.
Предодредената поставка за видливост на вашата електронска пошта е само јас/only me.
Вие ги поставувате предодредените поставки за видливост за сите нови податоци кои се додаваат во вашиот ORCID запис откако ќе се регистрирате.
Променете ги поставките за видливост за секоја нова информација која ќе се додаде во вашиот ORCID запис преку visibility preferences табот во поставките за вашата ORCID сметка (account settings).
Промена на вашите поставки за видливост
Вашите поставки за видливост можете да ги промените во Visibility табот на ORCID Account Settings. Изберете Everyone за да ги добиете максималните придобивки од ORCID:

ВАЖНО: со промената на предодредените поставки за видливост на вашата сметка нема да ја промените видливоста на веќе постојните делови од вашиот ORCID запис. За да ја промените нивната видливост, користете ја поставката за видливост до секој дел.

Можете да проверите како изгледа вашиот јавен запис со клик на Preview public version линкот кој е под вашиот ORCID iD.
